PDA

View Full Version : поздрав за едни луге



търтей
05-12-2005, 14:18
15 повредени оти двајца пијани се гушнале

Во кафеаната "Андро" во селото Долно Којнаре завчера 20-тина луѓе се испотепале затоа што нивни пијани другари се гушкале, а тие мислеле дека се тепаат. Во пресметката 15 лица се полесно повредени, а две со посериозни повреди на главата се пренесени

Во кафеаната "Андро" во селото Долно Којнаре завчера 20-тина луѓе се испотепале затоа што нивни пијани другари се гушкале, а тие мислеле дека се тепаат. Во пресметката 15 лица се полесно повредени, а две со посериозни повреди на главата се пренесени и задржани во кумановската болница. Инцидентот се случил во саботата во 5 часот наутро кога една група од 15-тина момчиња, која славела роденден на вратата се сретнала со други 5-6 млади луѓе кои излегувале од кафеаната. Двајца од нив се поздравиле и прегрнале, но поради алкохолизирана состојба изгубиле рамнотежа и паднале на земја. Нивните другари кога виделе дека се валкаат по плочникот помислиле дека се борат и со цел да ги одбранат почнале меѓусебно да се маваат.
Тепачката ја започнале со тупаници и клоци, а ја завршиле со кафеанскиот инвентар и ногарите од искршените маси и столчиња. Персоналот повикал полиција која ја прекинала масовната тепачка и привела 15 лица.
По извршениот распид било утврдено дека тепачката била од неразбирање. Било утврдено дека поголемиот дел од присутните биле пијани. Приведените биле пуштени дома. По расчистување на случајот ќе им бидат поднесени соодветни пријави.
Во кафеаната "Андро" кај добиточниот пазар во Куманово, често се случуваат инциденти. Таму гостуваат турбо фолк пеачки од Србија. Вчера немаше никој во кафеаната за да раскаже за необичната тепачка.